Обвинетите во „Монструм“ Исмаиловиќ и Азири ќе одат во притвор, одлучи судот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кривичниот совет постапувајќи по предлог на надлежниот обвинител во предметот „Монструм“ за опредлеување мерка притвор против Ф.А. и А.И, донесе решенија со кои гo прифати предлогот со оглед да се исполнети условите.

„На обвинетиот Ф.А. му е опредлена мерка притвор во траење од 30 дена и истото е доставено во Истражниот затвор Скопје каде се наоѓа обвинетиот, додека за А.И. е определна мерка притвор од пронаоѓање односно лишување од слобода и истото е доставено до надллежното МВР“, велат од Кривичниот суд.