Судот пресуди во корист на Анѓушев против ИРЛ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Апелација ја потврди пресудата на првостепениот суд дека ИРЛ изнеле невистини со цел неточно да претстават дека Кочо Анѓушев има врска и е одговорен за увозот на токсичен мазут во земјата во времето кога бил Вицепремиер во Владата, а исто така не се обратиле до него да ја добијат втората страна како основно новинарско правило.

Од прес службата на компаниите на Анѓушев, во негово име и во име на неговата фирма БРАКО како тужители, изјавија:

„Судовите со овие пресуди потврдија дека оваа група со години врши медиумски клевети, изнесува лаги и зависно од текот на финансиите креира средина во Македонија за јавна пресметка со одредени личности за да направи дефокус и заштита токму на вистинските сторители на казниви дела, и користена е за внатрешни политички пресметки во Македонија служејќи на одредени страни.

Во секоја земја економијата е таа која ја движи државата напред и која продуцира работни места и ја полни државната каса со даноци, за да има функционално општество.

Кај нас, зад нападите врз компаниите и бизнисмените со лажни вести стојат крајно неодговорни лица кои се водат само од свои кариерни и хонорарни причини, а нанесуваат економска штета на самата држава и на стопанството.”

Инаку, Кочо Анѓушев поднесе тужба против ИРЛ и Сашка Цветковска за клевета и навреда за изнесени наводи во документарниот филм на ИРЛ „Заговор против воздухот“ во кој во еден дел беше споменат како поранешен вицепремиер за економски прашања. Анѓушев претходно во првостепената постапка го изгуби случајот, бидејќи истата судијка Јованка Спировска Панева ја отфрли тужбата за клевета и навреда. Но, Апелациониот суд ја прифати жалбата на Анѓушев и предметот го врати на повторно одлучување кај истата судијка.