Судски совет „се покаја“ за отстранувањето на камерите – Георгиевски: Дајте ни шанса да работиме, подаваме рака за соработка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дајте ни шанса за соработка, изјави претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиевски по реакциите на Здружението на новинари и многуте реакции во јавноста за отстранувањето на камерите од седницата на Судскиот совет. Вети дека овој состав на Советот на чело со него ќе биде транспарентен и отчетен, а побара од медиумите заедно да се борат за вистината.

Денеска реагираше и Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги. Го осудуваат отстранувањето на камерите и истакнуваат дека таквото непрофесионално однесување фрла дамка не само на транспарентноста на судството туку го погазува правото на јавноста да биде информирана за работат на судските органи.

Потсетуваме дека е особено важно на сите новинарски екипи да им се обезбеди непречен пристап за известување од настани кои се од јавен интерес, во насока на обезбедување транспарентност и отчетност на институциите“, велат од АВМУ.

Георгиевски рече дека со буџетот на советот ќе се овозможи со МИА да склучат договор за директно емитување од седниците на Советот а додаде и дека не заслужува таков пристап бидејќи штотуку ја презел функцијата претседател на Советот.

Седницата на Советот продолжи со 6 точка од дневниот ред за формирање Комисија за одговорност на судиите или претседателот на некој суд. Не се знае дали ќе има одговорност за судијата Енвер Беџети, за чувањето на досие во фиока со што доведе до застарување на предметот на Сашо Мијалков.