Судскиот совет разреши судија од скопскиот Кривичен суд

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжуваат напорите за „крадење“ пратеници – 90 дена мир за Заев, ако опозицијата не обезбеди мнозинство

Еден ден откако ја доби довербата на 62 пратеници од мнозинството, премиерот Зоран Заев вели дека е среќен. Верува...

Реконструкција за убиството на Ангел Петковски

По седум години од убиството на Ангел Петковски, денеска беше извршена реконструкција кај Очната клиника во Ѓорче Петров, по...

ДЗС: Лажни се информациите во врска со апликацијата за самопопишување од странство, досега попишани 22 илјади лица

Динамиката на попишување се одвива успешно. Бројките покажуваат дека досега се попишани над 22.000 лица од дијаспората, соопшти денеска Државниот...

По пукањето во Ѓорче Петров: Биолошките траги од возилото не се од притвореното лице, обвинителството побара да биде пуштено на слобода

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршена е анализа на биолошки материјал – ДНК траги...

Едни ќе ги примаат попишувачите, други не – дали сега е моментот на кој се чекаше 20 години?

Граѓаните или барем оние што ги анкетиравме по случаен избор со поделени мислења. Некои сметаат дека ако се чекало...

Судскиот совет на денешната седница разреши судија од Основниот кривичен суд Скопје поради поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката за разрешувањето на судијата, како што изјави претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, се водела околу една и пол година, но притоа не сакаше да открие за кого станува збор.

-Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, меѓутоа факт е дека на денешнта седница имавме посебна точка за утврдување на одговорност на судија и нашата одлука е дека се разрешува од функцијата судија на конкретниот суд, поради повреда на одредбите од судскиот деловник по однос на примената на  системот, изјави Здравев по завршувањето на седницата.

Посочи дека, нестручното работење на судијата е утврдено за период од две до три години.

Како една од причините поради кои толку време се водела постапката, првиот човек на Судски совет го посочи недоаѓањето на конкретниот судија на закажаните расправи.

Подетално за предметот, како што рече, неможе да каже од причини што мора  да се почитува пресумцијата на невиност.

– Кога нашата одлука ќе стане правосилна, ние ќе објавиме и во Службен весник на РСМ со одреден мал степен на минимизирање, истакна Здравев.

Иако Здравев не сакаше да го каже името на разрешениот судија, неофицијално, како што објавија медиумите, станува збор за Татјана Михајлова, а главна причина е злоупотреба на АКМИС системот.

На денешната седница, Судскиот совет констатира престанок на судиската функција на судијка Јулијана Гареска од Основниот суд Куманово, по нејзино барање поради исполнување на услови за пензија.

Судијката, како што рече Здравев, од здравствени причини поднесе барање за престанок на функцијата, бидејќи исполнува услови за пензија со 62 години и 15 години стаж.

Здравев, одговарајќи  на новинарско прашање, рече дека во 2020 година за утврдување на одговорност поднесени биле барања пред Судски совет за околу 107 судии.