В.д. директорот на Царина денеска на „Фејсбук“ објави дека ќе се кандидира за градоначалник на Прилеп. Тој ќе ја побара поддршката од СДСМ.
– Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа. Победа на која ќе бидеме горди. Зошто го правам ова сега, неколку месеци пред локалните избори? Затоа што сметам дека на еден град херој му личи да биде пример и предвесник на новата скала во демократскиот развој“, се вели во ФБ постот на Сугарески.
