Свадби до крајот на мај или јуни – експерти од областа ќе подготват протоколи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со намалување на бројот на заразени лица, ограничувачките мерки се олеснуваат.

Министерот за економија, Крешник Бектеши кој синоќа беше гостин во емисијата Клик Плус повтори дека на крајот на месецот се очекува да се отворат рестораните кои организираат свадби.

Тој исто така нагласи дека дури и ако се отворат рестораните, ќе има протоколи кои ќе бидат подготвени од експерти.

„И свадбените ресторани и рестораните кои организираат разни прослави, некаде кон крајот на овој месец или на почеток на следниот, ќе можат да почнат со работа. Сигурно тоа ќе биде според протоколите кои ќе ги подготват експертите од областа и зависно од епидемиолошката состојба, а во Северна Македонија бројот на заразени се намалува“, истакна Крешник Бектеши.

Но, Ремзи Мехмети, потпретседател на Алијансата за Албанците, изјави дека Владата потфрли во управувањето со пандемијата и дека државната помош за угостителството не дала ефект.

„Мерките за забрана за работа или за нормално функционирање на угостителите, еднаш беа отворени, еднаш затворени, не гледам дека имале ефект во директна смисла на спречување на пандемија, бидејќи бројките го демантираат истото, но истовремено уште повеќе ја влошувале социо-економската состојба“, вели Ремзи Мехмеди.

Министерот Бектеши на прашањето колку изгуби економијата од овие месеци додека беше се затворено, при што многу граѓани на земјата отидоа во Косово на вечера, Бектеши рече дека не направиле таква пресметка.

Според него, граѓаните го искористиле пропустот направен од Владата и Комисијата, при што иако имаше полициски час, оние кои биле на прошетка во Косово можеа да се вратат во земјата.