Светот ги укинува, Бразил воведува мерки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главниот град на федералната држава Маранјао, прв во Бразил воведе забрана за движење на граѓаните.

Станува збор за најсиромашниот дел на Бразил и област со околу 7,1 милиони жители, воведе забрана за движењето и излегувањето надвор.

Луѓето ќе може да излегуваат само по набавка на намирници и по лекови. Голем дел од продавниците се затворени, исто како и училиштата, а сопрен е и јавниот превоз.

Бразил почна да воведува мерки, во миговите кога повеќето држави од Светот ги укинуваат забраните, а планираат да ги отворат рестораните, кафулињата и градинките.