Светот има нов најнаселен град

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Главниот град на Индонезија, Џакарта е на врвот на ранг-листата како град со најмногубројно население. Џакарта го презеде приматот од Дака, главниот град на Бангладеш.

Проценката е дека во Џакарта живеат неверојатни 42 милиони жители. На претходното рангирање во 2018 година, овој град беше на 33-тото место, кога најмногу населен град беше јапонски Токио. Прашањето е колку Џакарта ќе остане на врвот, со оглед дека Дака во моментов има население од 36 милиони, и овој град се населува со неверојатна динамика, и се очекува да стане најнаселен град до средината на овој век.

Речиси половина од 8,2 милијарди луѓе на планетата живеат во градови, вели извештајот на „Перспективи за светска урбанизација 2025“, што значи двојно зголемување на бројот на жители во урбаните средини во изминатите 75 години.

Девет од 10-те најнаселени градови во светот се од Азија. Единствен исклучок е Каиро, главниот град на Египет кој е со население од 25 милиони жители.

Листа на најнаселените градови во светот:

  1. Џакарта (Индонезија) – 41,9 милиони
  2. Дака (Бангладеш) – 36,6 милиони
  3. Токио (Јапонија) – 33,4 милиони
  4. Њу Делхи (Индија) – 30,2 милиони
  5. Шангај (Кина) – 29,6 милиони
  6. Гуангжу (Кина) – 27,6 милиони
  7. Каиро (Египет) – 25,6 милиони
  8. Манила (Филипини) – 24,7 милиони
  9. Калкута (Индија) – 22,5 милиони
  10. Сеул (Јужна Кореја) – 22,5 милиони