Висок функционер на Светска банка изјави дека организацијата е „крајно загрижена“ за влијанието на војната во Иран врз инфлацијата, работните места и безбедноста на храната. Според него, Светска банка веќе разговара со земјите-членки за решавање на итни потреби во кризата, пишува АФП.
Изјавите на извршниот директор Пашал Донохо дојдоа откако Светска банка објави ново партнерство со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Партнерството има за цел да координира хуманитарен одговор на војната.
Донохо истакна дека земјите во Азија и Африка се особено ранливи на енергетски и ценовни шокови и проблеми со снабдувањето предизвикани од кризата. „Моментално се консултираме со многу влади за нивните потреби и очекувам сликата да стане многу појасна во следните неколку недели“, рече Донохо.
