СЗО: Европа е епицентарот на пандемијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европа повторно е во „епицентарот“ на пандемијата КОВИД-19, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), бидејќи случаите на инфекција се зголемуваат низ целиот континент.

За зголемувањето на случаите го обвини недостатокот на вакцинирани лица. „Треба да ја смениме нашата тактика од реагирање кога ќе дојде нов бран, за да го спречиме тоа да се случи на прво место“, рече тој.

Процесот на вакцинација е забавен низ целиот континент во последните месеци. Додека 80% од луѓето во Шпанија се вакцинирани со две дози, овој број е помал во Франција и Германија – 68% и 66%, соодветно, а е уште помал во некои земји во Централна и Источна Европа. Само 32 отсто од Русите биле целосно вакцинирани до октомври 2021 година.

За следниот бран на СОВИД-19, Клуге го обвини и олабавувањето на мерките за јавно здравје за растот на новите случаи во Европа.

Сето ова се случува во време кога Германија во последните 24 часа регистрираше речиси 34.000 нови случаи на Ковид-19, што е рекордно зголемување.