Светската здравствена организација ја одобри вакцината на „Модерна“ за итна употреба.
Тоа е петта вакцина која доби одобрување од СЗО, со што ќе се забрза дозволата за употреба на оваа вакцина и од страна на националните агенции за контрола на лекови, пренесе Ројтерс.
Во извештајот се наведвуа дека целта е лековите, вакцините и сите средства против коронавирусот да се направат достапни во што пократок рок.
Маринела Симао, асистент на генералниот директор на СЗО, изјавила дека е многу значајно да има што повеќе вакцини за да се стави крај на пандемијата.
Индија, моментално најголемиот произведувач на вакцини, го запре извозот поради тоа што во таа земја има огромен број на нови случаи, и бележи рекорди по нови и по смртни случаи во Светот.
