Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри вакцината против мајмунски сипаници за деца на возраст од 12 до 17 години, возрасна група која се смета за особено ранлива на епидемии од оваа болест. Агенцијата на ОН ја одобри употребата на вакцината во септември со првата инјекција кај возрасни. Одлуката доаѓа откако ЕУ првпат ја одобри вакцината за адолесценти во септември.
СЗО ги прогласи мајмунските сипаници како глобална вонредна состојба за јавното здравје, откако нов тип на вирус се прошири од Демократска Република Конго кај нејзините соседи.
