СЗО: Можно затворање на регионалната канцеларија во Русија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Канцеларијата на Светската здравствена организација за Европа денеска донесе резолуција што може да резултира со затворање на регионалната канцеларија на СЗО во Русија и откажување на состаноците во таа земја.

Резолуцијата е донесена „како одговор на руската инвазија на Украина“, пишува „Ројтерс“.

На посебна седница на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа, резолуцијата беше усвоена со 43 гласа „за“, три „против“ и два воздржани, а беше поддржана од Украина и од Европската унија.