Претседателот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус вели дека мораториумот на вакцинирањето со трета доза на вакцината против коронавирусот ќе овозможи да се вакцинираат најмалку 10 проценти од населението на секоја земја.
„Разбирам дека сите влади сакаат да го заштитат својот народ од варијантата делта. Но, не можеме да прифатиме дека земјите кои веќе користеле поголем дел од глобално достапната вакцина, да ја користат уште повеќе”, посочи тој.
Израелскиот претседател Исак Херцог минатата недела ја прими третата доза од вакцината, со што започна кампања за вакцинирање на лица над 60 години во таа земја.
САД потпишаа договор со Pfizer и BioNTech во јули за купување 200 милиони дополнителни дози на вакцина „Ковид-19“ за вакцинирање на младите и на постарите лица.
„Наместо тоа, треба да се фокусираме на оние луѓе кои се најранливи, најмногу изложени на ризик од сериозни болести и смрт, за да ја добијат првата и втората доза“, рече директорката на СЗО за вакцини, Кетрин О’Брајан.