СЗО: Вакцинацијата не треба да биде предуслов за влез во некоја земја

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Светската здравствена организација (СЗО) не го поддржува барањето на одредени земји вакцината против коронавирус да биде предуслов за влез во земјата, објави Dariknews.bg.

„Според меѓународните здравствени прописи, вакцините мора да бидат одобрени од СЗО и да бидат достапни за апсолутно секого пред да се воведе таквото барање како предуслов за патување“, соопшти прес -службата на организацијата. 

Во овој поглед, СЗО „не поддржува употреба на докази за вакцинација (сертификат) како предуслов за меѓународно патување поради дискриминаторски пристап на вакцините до луѓето во богатите и посиромашните земји“.