Таа има 93 години и е најстариот модел на светот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дафне Селфи во својата 93-та година од животот, во моментот е најстариот професионален модел на светот, и не планира да замине во пензија во скоро време.

Родена е во Лондон 1928 година, Селфи дебитирала на модната сцена 1949 година, кога победила на локален натпревар за девојка на насловна страница. Набрзо се приклучила на агенцијата „Габи Јанг“ во Лондон, каде завршила школување за манекенство.

Била уметнички модел, комерцијален модел, се појавувала во рекламни кампањи за гардероба. Едно време се повлекла од модната писта, поради тоа што се посветила на своите три деца. Се омажила за телевизискиот продуцент Џим Смит. Тој починал после долга болест, неочекувано на крајот од седумдесетите Селфи била повторно откриена од страна на модна и козметичка индустрија.

Денеска има повеќе од 62 илјади следбеници на Инстаграм, а нејзиниот совет за облекување го слушаат и далеку помлади девојки.