Таблетите ќе ги сменат учебниците – Царовска: На учениците не им е интересно на училиште

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 50 илјади родители се противат на новите дигитални учебници. Тие на фејсбук групата „Учебници и настава мора да има “ покренаа петиција на која се попишаа над 11 илјади родители. Настојуваат нивните деца да учат со учебници, а не како што е најавено преку таблет уреди со електронски учебници.

Еден од родителите кој сакаше да остане анонимен за ТВ21 вели дека ако се продолжи со ова технологија децата ќе станат неписмени.

„Неписмени ќе останат овие деца, со оваа маана на оваа „напредна“ технологија. За 10 години ќе видиме дека нашите деца ќе бидат неписмени. Но, дај Боже, да не продолжат моите деца во Македонија да се школуваат, не вреди“, посочува тој.

Царовска вели лага е дека во иднина нема да има учебници. Појаснува дека децата нема цел ден да бидат пред електронските уреди.

„Апсолутно тоа е погрешна слика која некој се обидува да ја постави. Има дел од родители, но исто така е многу интересно што во нив имаме и партиски структури. Затоа ги повикувам родителите да бидат информирани, детално да ги следат одговорите на прашања коишто ги пласира МОН како надлежна институција, да не подлегнуваат на манипулации, на партиски ботови кои се поставуваат во одредени групи“, вели Мила Царовска.

Министерката настојува дека содржите кои што можат да бидат поставени во дигитален учебник се многу посовремени, по интересни и поскокотливи за учениците.

„Ако ги видите анкетите нашите ученици не сакаат да одат на училиште. Ако ги прашате ќе кажат дека не им е интересно во училиште. Затоа што содржините кои што се поставени во застарени учебници не го задржуваат нивното внимание. Тие растат и живеаат со дигитални уреди и постојано се изложени на анимација, а пак анимација не можете да стаите на печатен учебнк“, додава Мила Царовска.

Се уште не се знае дали новата учебна година ќе започне на училишните клупи. Царовска вели дека родителите и учениците навремено ќе бидат информирани.