Предупредувачките табли „Безбеден град“, со кои се информира јавноста дека сообраќајот во одредена зона е под видео-надзор, во Тетово се поставени и на албански јазик, јавува репортерот на ТВ21.
Ова означување, кое е во рамки на градското подрачје, повторно ја отвори јавната дебата околу примената на Законот за безбеден град и почитувањето на јазичните права.
Од опозициските партии изминатиот период следеа критики кон Владата, со тврдења дека ваквите решенија се спорни од правен аспект.
Од друга страна, Владата континуирано посочува дека Законот за безбеден град е целосно усогласен со Уставот и со Законот за употреба на јазиците, нагласувајќи дека означувањето е направено согласно законските одредби и принципите на еднаквост и информираност на сите граѓани.
