Тачи: Одлични вести, Јамајка го призна Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Косовскиот претседател Хашим Тачи, вечерва на својот профил на „Твитер“ објави дека Јамајка ја призна независноста на Косово.

„Само што добив известување од нашиот амбасадор Вљоре Читаку дека Јамајка го призна Косово како независно и суверено“, напиша Тачи кој наведе дека ова признавање е плод на неколкугодишно лобирање.