Тачи тврди дека пратеник на Алијанса е на нивна страна – Мицкоски: Ние сме 60, власта 59, а еден не знам каде е

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на ДПА Мендух Тачи во вчерашниот магазин Клик Плус на ТВ21 тврди дека вечерта кога требаше да се гласа за недоверба на Владата имале уште еден пратеник како резерва кој немал да гласа за рушење на Владата. Тој рече дека се работи за пратеник од редовите на Алијанса за Албанците, но не откри за кого точно станува збор и дали тој би можел да биде дел од зголеменото мнозинство во парламентот кој го најавува власта.

Мендух Тачи: Ахмети и Заев не можат да го кажат тоа, но ние имавме супер сигурен пратеник

Н.: Кој е тој пратеник? Велите дека сте го имале, дали беше во салата?

Мендух Тачи: Тој беше целосна резерва.

Н: Дали тој или таа биле тој ден во салата?

Мендух Тачи: Да, беше и беше многу посигурен отколку Кастриот.

И на мене сето тоа што се случи…. што ќе се случеше во Собрание.

Не му ги земај заслугите на Кастриот.

Господин Ахмети и господин Заев се многу повнимателни Јас таа вечер реков јас ќе одам со било кого и ништо нема да ми се случи.

Кастриот рекол дека се уверил дека нема друг пратеник.

„Да имаше, пратеникот на Алијанса, а не на Беса. Тоа е сигурно. Тој беше сигурен пратеник“, вели Тачи.

Христијан Мицкоски пак и натаму инсистира на предвремени избори, но не сакаше да коментира дали е можно дел од пратениците во опозиција да преминат во владејачкото мнозинство. Деновиве имаше и најава дека се можни разговори на Африм Гаши и дека се калкулира со пратениците на Алтернатива.

„Тоа ќе го прашате господинот Гаши и пратениците од пратеничката група на Алтернатива кои што според моите информации, се во коалиција со партијата Алијанса на Албанците… Ние сега имаме состојба, денеска ако ме прашате на пресек, 60 пратеници на опозицијата, 59 пратеници на власта и 1 пратеник кој што е не знам каде… Јас не сум секундант за да можам да кажам дека утре ќе замине Владата или ќе замине за некоја недела, за некој месец, но знам сигурно дека ќе замине. Кога ќе биде тоа ќе одлучи народот на Македонија на предвремени парламентарни избори кои што треба да се случат час поскоро“, посочи Христијан Мицкоски.

Иако се најавуваше дека премиерот Заев ќе разговара со првиот човек на  Алтернатива Африм Гаши за зголемување на мнозинството засега нема информации дали имало таква средба.