Тачи: Заев со оставката придонесе за дестабилизација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со лидерот на ДПА, Мендух Тачи вчера во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 разговаравме на актуелни теми, меѓу кои и за оставката на премиерот Зоран Заев.

Тачи кажа дека со оставката, Заев придонесува за дестабилизација на земјата.

„Сите коалициски партнери имаме договор со Заев. Несериозно е од негова страна. Имаме сериозни предизвици пред нас. Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Да, ние имаме 61 пратеник, но реков дека тоа е опасно за државата. Треба силна влада. Се подготвуваат црни сценарија, затоа е важно да имаме стабилна влада“, рече Тачи.