Со Мендух Тачи вечерва дебатираме во студиото на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“. Со лидерот на ДПА разговараме на актуелните политички теми. Тачи кажа дека со оставката, Заев придонесува за дестабилизација на земјата.
„Сите коалициски партнери имаме договор со Заев. Несериозно е од негова страна. Имаме сериозни предизвици пред нас. Заев е лидер кој покажа дека може да ги води процесите напред. Да, ние имаме 61 пратеник, но реков дека тоа е опасно за државата. Треба силна влада. Се подготвуваат црни сценарија, затоа е важно да имаме стабилна влада.“, рече Тачи.
