Тајфунот Конг Реј го погоди Тајван

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице загина во невремето кое во Тајван го донесе моќниот тајфун Конгреи.

Во Тајван, воздушниот и железничкиот сообраќај е прекинат, училиштата и институциите се затворени, а околу 8.600 луѓе се евакуирани во засолништа.

На истокот на Тајван дувале ветрови со брзина до 227 километри на час.

Делови од окрузите Џилан и Хуалиен беа поплавени поради силниот дожд.

Повеќе од 70 луѓе се повредени.

Пред да стигне до бреговите на Тајван, тајфунот помина источно од најсеверната филипинска провинција Батанес. Жителите во северните филипински провинции беа евакуирани еден ден претходно.