Таравари: ДУИ ги губи изборите од 2011 година, Ахмети секогаш ја делеше албанската опозиција

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Одоговор на изјавата на Ахмети стигна веднаш од првиот човек на АА, Арбен Таравари во Клик Плус. Тој рече дека Ахмети веќе неколку пати ги изгубил изборите, но како што додаде, кариерата на Ахмети ќе заврши по локалните избори следната година.

-Реално г. Ахмети ги загуби изборите уште во 2011. Трите тогашни албански опозициски партии кои не успеаја да се обединат, мислам на ДНП, НД и ДПА имаа повеќе гласови од ДУИ. Практично, необединувањето на овие опозициски албански партии му овозможи на г. Ахмети малку повеќе гласови. 2016, Беса, ДНП, НД-ДПА, Обединување и ДПА имаа многу повеќе гласови од г. Ахмети, но повторно тој успеа со механизмите што ги има да го оневозможи обединувањето на албанската опозиција“, рече Таравари.

Таравари смета дека е апсурдно што само 5 месеци по изборите повторно да има нови избори.

-Пет месеци по изборите, повторно барање за избори, мислам дека е одреден проблем што треба да го има господинот Ахмети како храна за своето членство. На почетокот знаеше дека ВРЕДИ нема да може да влезе во владата. Затоа што има црвен телефон и некој ќе му се јави на господинот Ахмети и тој ќе стане дел од владата. Сега во својот речник велеа дека оваа власт нема капацитет да издржи ни 100 дена. Поминаа 100 дена и сега велат дека оваа влада нема да издржи до Нова година“, рече Таравари.


Барањето на коалицијата ВРЕДИ Ахмети да си даде оставка доколку изгуби на локалните избори, се интензивира како противнапад кон изјавата на Европскиот фронт, од каде бараат тие да се повлечат од владата на премиерот Мицкоски и да ја одведат земјава на предвремени парламентарни избори.