Таравари: ДУИ „гори“ од нашата коалиција со ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ: Оваа коалиција не ги убеди ниту нивните членови, а не гласачите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека се чека финализација на коалицијата АА-ААА и ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, генералниот секретар на АА, Арбен Таравари ја боцна противничката партија ДУИ. Во својата колумна, Таравари напиша дека од оваа можна коалиција,партијата на Ахмети е вознемирена и дека сосема ќе изгори.

„Се чини дека оваа моја хипотеза, оваа “можеби“ соработка со ВМРО ја запали оваа партија, и таа што гори е ДУИ.   Ги активизираше веднаш своите портали со разно разни обвинувачки наслови   и несомнено смешни, бидејќи на оваа партија на која и се тресеше тлото под нозете,  сега сосема и се стресе!“, истакна Арбен Таравари.

Но Интергативците изгледаат опуштено, бидејќи, како што велат сите анкети покажуваат дека тие ќе победат на изборите. Од ДУИ за ТВ21 велат дека ја охрабруваат оваа коалиција, бидејќи, како што додаваат, го вади на површина сето лицемерие и 4 годишна измама на “жртвата“ и “насилникот“.

„Сите анкети од земјава како и меѓународните потврдуваат дека ДУИ е победни на изборите. Коалицијата на Стокхолмскиот синдром за тримесечно преживување на политичката сцена не ги убеди ниту нивните членови, а не гласачите. ДУИ ја охрабрува оваа коалиција бидејќи ги вади на површина лицемерието и 4 годишната измама на “жртвата“ и “насилникот““, велат од ДУИ.

Инаку, можната коалиција  беше најавена од двете партии но без да откријат детали. Според Таравари се може да се финализира следната недела. Претходно Заев и Ахмети ја официјализираа соработката за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври.