Таравари ги обвинува Села и Тачи за соработка со власта – Муртезани: Гласавме против поскапувањето на ѓубретарината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Арбен Таравари синоќа изјави дека Зијадин Села и Мендух Тачи не делуваат целосно како опозиција, бидејќи според него, во одредени ситуации соработуваат и се координираат со власта. Таравари како пример ги посочи случувањата во Тетово, каде што, според него, двајца советници од Алијансата за Албанците на Села излегле од советничката група на денот кога во Советот на Општина Тетово се гласало за зголемување на цената на ѓубретарината и водата.

„Мислам дека тие се некаде меѓу опозицијата и власта. Зошто го велам ова? На денот кога се гласаше за поскапување на собирањето на сметот и водата во Тетово, тој ден советниците на Зијадин Села излегоа од советничката група на Алијансата за Албанците во Тетово. И тоа не може да биде без координација, невозможно е да биде така. Во Сарај имаме тесно мнозинство, 10 спрема 9. И еден советник на Зијадин Села излезе со ВЛЕН и функционира со ВЛЕН за изборот на новиот претседател на советот.“, вели Арбен Тараври.

На овие изјави реагираше општинскиот советник во Тетово, Арлин Муртезани од партијата на Села. Тој го обвини Таравари за манипулации и лаги.

„Арбен Таравари во емисијата ‘Клик Плус’ го направи тоа што најдобро знае да го прави. Значи, манипулаторот и лажго. На почетокот тој изнесе низа обвинувања кон претседателот и субјектот што ние го претставуваме, како и кон нас како советници во Општина Тетово. Вреди да се нагласи дека обидот за демант на тоа што го кажа Таравари за време на седницата на Општина Тетово лесно може да се провери, бидејќи седниците се онлајн и има пристап и денес. Ние на таа седница жестоко се спротивставивме и на крајот гласавме против зголемувањето на сметките за отпад, за разлика од советниците на Таравари, кои избраа молк во политичка координација како советници на Тетово со Општина Гостивар. Истиот ден ја разбравме и причината, која беше скандалозна. Причината е што Општина Гостивар и неколку други околни општини не ги исполнуваат финансиските обврски што ги имаат кон Русино.“, рече Арлин Муртезани.

Зголемувањето на цената на ѓубретарината во Тетово за 20 % предизвика многу обвинувања меѓу власта и опозицијата, додека поскапувањето ќе стапи во сила од 1 јуни, што значи дека граѓаните ќе го почувствуваат со добивањето на сметките во јули.