Кампањата која почна со хаштаг СакамеДебата, бара ТВ дуел меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на албанската опозиција, и го покрена прашањето кој е вистински лидер на албанската опозиција?
Првите кои се прогласија за албанска опозиција се АА, партија која е во коалиција со партијата на власт, Алтернатива. Според тоа што го изјави генералниот секретар на оваа партија, Арбен Таравари, лидер на опозицијата е лидерот на партијата на која и припаѓа, Зијадин Села и дека тој треба да се соочи со Ахмети.
„Ние и народот знаеме дека претставник на опозицијата е Зијадин Села, исто како што знае, а и вие знаете дека ваш лидер е Али Ахмети, дали може да излезат на дебата или да не треба да помислиме дека г. Ахмети се плаши? Чекаме одговор и ве потсетуваме дека сакаме дебата меѓу г. Зијадин Села и г. Али Ахмети. Верувам дека се смиривте, многу конфузно изгледате деновиве“, истакна Арбер Таравари.
Партијата во коалиција со АА, Алтернатива нема некое име за тоа кој треба да биде лидер. Секретарот за односи со јавноста, Зекирија Ибрахими за ТВ21 вели дека единствено знае дека Али Ахмети не е лидер на албанската позиција.
„Јас не можам да кажам кој е лидер на опозицијата, но знам дека Ахмети не е лидер на позицијата. Тој е претседател на албанската партија која била прва според гласови во 2016, но на тие избори тој беше делегитимиран од албанските гласачи“, додава Зекирија Ибрахими .
Од друга страна, потпретседателот на Движење Беса, Кастриот Реџепи вели дека лидерот на опозицијата е Биљал Касами. Но и Беса е во предизборна коалиција со СДСМ која е на власт, но Реџепи вели дека тоа не е причина Касами да го изгуби неговиот опозициски став.
„Ние велиме дека претседателот на опозициската партија со најмногу гласови на последните избори, е Движење Беса и со тоа г. Касами го претставува албанскиот опозициски блок во Македонија“, вели Кастриот Реџепи.
ДУИ не преферира со кого треба да дебатира Ахмети, но портпаролот на ДУИ, Бујар Османи им порача на партите да седнат и да се договорат кој е лидер на албанската опозиција, меѓутоа рече дека со оваа дебата за дуел со Ахмети, Села е тој кој што се обидува да се факторизира.
„Јас го разбирам г. Села дека ќе се факторизира преку дебата со Али Ахмети, но мислам дека има правила за тоа. Ние сакаме да знаеме со кого ќе дискутираме. Дали треба да одиме врз основа на законот, кој вели дека треба да се земат резултатите од 2016, или треба проценката да се направи врз основа на нечии желби да добие на значење“, посочи Бујар Османи.
И политичкиот аналитичар, Роберт Несими оценува дека како база за одредување на лидер на албанската опозиција треба да се земат предвид резултатите од локалните избори и анкети.
„Имајќи ги предвид резултатите од последните избори, локалните. Фактот дека АА раководи со неколку општини и имајќи ги предвид последните анкети, каде се гледа еднаквата борба меѓу ДУИ и АА. Јасно е дека дебатата меѓу опозицијата и позицијата треба да ја водат Ахмети и Села“, рече Роберт Несими.
Апелите за ТВ дуел меѓу лидерот на албанската позиција и опозиција започна откако лидерите на македонската власт и опозиција, Мицкоски и Заев веќе неколку пати се соочија на ТВ дуел, а последниот се одржа пред неколку дена.
