Таравари оптимист за завршување на кичевската болница – изградбата почнала пред 4 децении, граѓаните не веруваат дека ќе се направи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Има неколку меѓународни компании кои се заинтересирани финансирање на болниците во Кичево и Штип. Вака во Клик плус рече министерот за здравство, Арбен Таравари, според кој компаниите сами би обезбедиле кредити.

Министерот рече дека ќе биде најсреќниот човек во Македонија по завршувањето на овие болници.

„Имам голема желба во текот на мојот мандат да се заврши кичевската болница. Би станал најсреќниот човек во Македонија, второ и клиничката болница во Штип која почна да се гради во 2009/10 и доколку успееме за две години да ги завршиме до 2027 болниците во Кичево и Штип. Ние сериозно ќе почнеме да ги проектираме идеите кои веќе постојат“, вели Арбен Таравари.

Но, граѓаните од Кичево ја изгубиле вербата и надежта бидејќи оваа болница почна да се гради пред 4 децении.

Инаку, болницата во Кичево почна да се гради во 1985 година и беше оставена долго време во фаза на карабина. Пред неколку години почнаа да ја кречат, но повторно остана недовршена.

Министерот Арбен Таравари е 18 министер за здравство кој ветува дека болницата ќе биде завршена.