Таравари против Бејта – Кој работеше повеќе за Гостивар?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вчера во емисијата Клик Плус, рече дека работел повеќе од сите градоначалници на општините со кои раководи ДУИ. Спомна асфалтирање на улици, изградба на системот за водовод и канализација.

„Јас не сакам да се споредам со општина од мојот политички опонент, туку со сите општини заедно. Сите општини со кои раководи ДУИ, сакам да ги споредиме цифрите кои ги имаме само ние како општина Гостивар“, посочи Арбен Таравари.

Модератор: Велите дека вие како Гостивар сте асфалтирале повеќе, сте направиле повеќе канализација, повеќе водовод?

Таравари: Да, соберете ги сите и споредувајте ги со Гостивар.

Екс градоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, вели дека сегашниот градоначалник не ги исполнил дадените ветувања.

„Помина веќе три години, а кога поминуваат 3 години завршува мандатот. Последната година е подготовка за избори. Тој е единствениот градоначалник кој немаше програма, излезе без програма, даде предизборни ветувања и од тие ветувања ништо не е реализирано. Ќе ги набројам, вети изградба на фабрики – нема фабрики, исто така не е направено реновирање на старите фабрики“, посочи Невзат Бејта.

И екс градоначалникот Бејта и актуелниот градоначалник Таравари велат дека се подготвени повторно да се кандидираат за Градоначалник на Гостивар.