Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека претседателот на Собранието, Талат Џафери е сериозен кандидат за градоначалник на Гостивар.
„Талат Џафери е сериозна кандидатура за Гостивар. Ужива поддршка од гласачите. Сериозен човек е, но нашата база таму е многу силна, и секој наш кандидат ќе биде нов градоначалник на Гостивар. Јас лично не би се кандидирал за втор мандат“, порачува Таравари.
Градоначалникот смета дека еден мандат му е доволен, но сепак, како што вели, ќе покажат анкетите.
