Арбен Таравари од коалицијата Вреди, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека најдобра гаранција од Вреди во Владата, дека Македонија го продолжува европскиот пат, не постои.
Тој вели дека ќе инсистира да почнат преговорите со ЕУ и да се направат уставните измени.
Таравари вели дека во случај да не се донесат уставни измени во период од 6 месеци, ќе размислат за своето учество во Владата.
„Ни требаа 10 години ВМРО и ДУИ, без услови, без ништо, да се изгубат 10 години за да станат дел од НАТО. Вреди е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени, тоа е услов“, рече Таравари.