Тажна вест од Англија: Почина легендата на Манчестер Сити

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешната ѕвезда на Манчестер Сити, Јан Мелор, почина на 74-годишна возраст по битка со тешка болест. Тој боледувал од амилоидоза, ретка болест која ги погодува внатрешните органи.

Навивачите на Манчестер Сити тагуваат за нивната легенда, која не можеше да се избори со страшната болест. Имено, Милер имал амилоидоза, ретка состојба која се јавува кога протеинот амилоид се акумулира во органите. Болеста може да влијае на различни органи кај луѓе со различни видови на акумулација на амилоид.

Оваа вест ја соопшти неговиот син Нил, поранешен напаѓач на Ливерпул, а сега новинар на „Скај спорт“.

„Татко ми, мојот херој. Те сакам! Ви благодариме за сите! Уништени сме од болката поради заминувањето на татко ми. Благодарност до лекарите кои му помогнаа во последните денови од битката со амилоидоза“, напиша тој.

За потсетување, следниот меч „Граѓаните“ го играат на домашен терен во сабота против Вулверхемптон (18.30 часот), а потоа публиката ќе има можност да се збогува со својата легенда.