Текстилните работнички на раб на егзистенција – шијат кошули од 350 евра, а работат за 10 илјади денари?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Условите во кои работат текстилните работнички и во време на корона вирусот е крајно загрижувачка и застрашувашка. Вака своето сведочење за тв21 го започна работничка во текстилната индустрија која поради безбедност сакаше да остане анонимна.  Вели дека е апсурдно што шијат кошули кои чинат и до 350 евра, а тие едвај зимаат плата од 10 до 12 илјади денари

„Кога ќе заврши процесот на изработка на кошулата и ние ја пакуваме и ставаме цена бидејќи оди за извоз. Тука имате цени од 200 евра, 250, па 300 дури и 350 евра. Значи зависи од квалитетот на кошулата. Се шијат и работни одела кои чинат многу пари. Знаеме дека овде има пари дека производството оди, а работникот ги нема ниту овие бедни 14.500 денари. Срамно“, посочи анонимна текстилна работничка.

Таа посочи дека газдите за да бидат чисти пред законот уплаќаат минималец, а подоцна на рака бараат дел од парите да им биде вратен.

„Газдите повторно се служат со старите штосиви кои ги имаа. Ќе ти пушти 14.500 ден и пак на рака ќе ти бара да му ги вратиш. Тоа беше прекинато, но сеа со короната пак се појави. Значи немаат ни малку жал ни грев. Со исклучок, но тие се многу малку“, вели анонимната текстилна работничка..

Претседателката на Здружението на текстилни работници „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева смета дека нашата дршава нема соодветни механизми за заштита на работниците од мобинг

„Сметам дека не само во текстилната индустрија, мобингот е застапен секаде, меѓутоа немањето на добра легислатива преку која полесно ќе може да се докаже мобингот, го прави своето, да никој не зборува за мобингот. Судските случаи со мобинг се многу малку. Фали мерливост во легслативата за мобинг, за да биде докажан“, истакна Кристина Ампева.

Деновиве зарада непочитување на мерките за заштита, коронавирусот повторно се врати во штипските конфекции. На последниот кризен штаб, инспекторите, побараа повторно да се заголемат контролите на автобускиот превоз, но и да нема групирање на работниците за време на паузите.