Телефонски разговор Димитров – Дендиас

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

За соработката за репатријација на граѓаните од двете земји, телефонски разговарале шефот на македонската со шефот на грчката дипломатија, според твитот објавен од министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Телефонски разговарав со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров. Разговаравме за нашата соработка во областа на репатријацијата на граѓаните од нашите две земји, напиша Дендиас на неговиот „Твитер“ профил.