Претседателот на Бугарија Румен Радев оствари телефонски разговор со шефот на австриската држава Александар Ван дер Белен, соопшти прес-службата на претседателот.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, во центарот на разговорите меѓу двајцата претседатели биле односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија.
Радев го истакнал ставот на Бугарија дека продуктивниот билатерален дијалог меѓу Софија и Скопје е незаменлив инструмент за надминување на спорните прашања во билатералните односи и Бугарија очекува конкретни резултати од него.
Ван дер Белен од своја страна изразил сочувство за тешките инциденти во домот за стари лица во селото Ројак и на автопатот Струма.
Претседателот на Австрија му честиташе на Румен Радев за реизборот за втор мандат.
