Телефонски разговор Трудо-Џонсон за ситуацијата во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Канада Џастин Трудо и британскиот премиер Борис Џонсон одржаа телефонски консултации за ситуацијата во Украина.

Трудо, во објавата на Твитер информира дека со Џонсон разговарале за „херојските напори на украинските воени сили и на украинскиот народ“, како и се жестоките санкции за одговорните за страдањето.

Тој вели дека се договориле тесно да соработуваат со сојузниците и партнерите со цел да се поддржи Украина.