Теохаров: Граѓаните не купуваат полиса за својот дом затоа што мислат дека е многу скапо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Граѓаните не купуваат полиса за својот дом е затоа што мислат дека е многу скапо“, објасни советникот за осигурување Митко Теохаров во гостувањето во емисијата Бизнис21 на ТВ21.

Како што вели, за граѓаните домот има голема вредност.

„Да купите стан треба да земете станбен кредит кој ќе се исплаќа 20-25-30 години, цел работен век, и сега луѓето си прават една аналогија вика „ако мене ми треба толку време за да дојде во моја чиста сопственост колку ќе чини за да го заштитам“, и првиот впечаток на луѓе кои се неинформирани за цената кога ќе им се спомне дека е 50 евра (околу 3000 денари) на годишно ниво, викаат како на годишно, јас мислев дека е месечно. Тука имаме едно олеснување но повторно не се до крај убедени дека и тие 50 евра кои во главата им се на месечно, да ги даваат годишно и тука пак е нашата одговорност бидејќи по мене, можеби како труд на еден продавач на осигурување треба еднакво да вложи да продаде полиса за дом на клиент кој немал и полиса за животно осигурување кој немал, а генерално продавачите нормално своето време гледаат да го искористат поефикасно“, додава Теохаров.