Иако закажано за 9 часот, уште од 8 часот утрово голема гужва се создаде во трговскиот центар „Ушќе“ во Белград, каде што граѓаните дојдоа да се вакцинираат против ковид-19 без закажување, но и да добијат ваучер од 3.000 динари (25 евра). Како награда им следуваше на првите 100 кои дојдоа на новоотворениот пункт за вакцинирање.
Метежот потоа се префрли внатре, каде што се формираа долги редици во ходниците и на подвижните скали.
Ваучери за најбрзите ќе се делат и во наредните денови. Како што е најавено, 50 граѓани утре ќе добијат ваучер од 5.000 динари, а за првите 50 кои ќе дојдат в сабота ќе има ваучер во вредност од 3.000 динари.
Заменик градоначалникот на Белград, Зоран Весиќ, изјави дека до вчера, речиси 490.000 жители на Белград се вакцинирале со две дози, што е 35% од полнолетното население.
