„Теренските активности го достигнуваат пикот, секаде се работи“, вели министерката за финансии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во вечерашното емитување на емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека капиталните расходи бележат раст од 44 проценти во споредба со истиот период минатата година.

– Мораме да повториме една работа којашто во континуитет ја повторувам а тоа е променетата методологија, вие ако погледнете во буџетот или во извршување на буџетот под линија имате една позиција којашто се вика одливи под гаранции. Таа истата позиција во изминатата година ја наоѓате на ставката капитални расходи и кога би ја направиле или ги направиле споредливи двата податока капиталните расходи заклучно со датум минатата година и годинава ќе видите дека ние имаме раст од 44% во однос на минатата година, вели Димитриеска Кочоска.

Министерката вели „теренските активности го достигнуваат пикот, секаде се работи“.

– Имајќи предвид дека, можеме сите тука да се сложиме дека теренските активности го достигнуваат пикот, секаде се работи, дали е тоа на општинско ниво, кога зборуваме за оние капитални расходи, коишто ние како централна власт ги префрламе кон локалната власт. Каде и да се свртите тие се на терен и ги реализираат. Сакам да кажам дека во континуитет се работи, вели министерката.