Тешка кражба во билетарата од автобуската во Кавадарци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Тешка кражба била извршена во билетарата на автобуската станица во Кавадарци, за МИА денеска потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Завчера во 03.10 часот во Полициската станица Кавадарци, вработен во автобуската станица пријавил дека е извршена тешка кражба во билетарата на автобуската, при што, се украдени пари од касата. Бил извршен увид на местото на настанот, појасни Додевски.