Најмалку десет лица се повредени, од кои едно потешко во несреќа во кое учествувале автобус и трамвај во Минхен, пишува „Билд“. Меѓу повредените има и деца.
Трамвајот целосно излетал од шините, а автобусот е сериозно оштетен особено на предната страна.
Според полицијата, несреќата се случила утрово на големата раскрсница во близина на Хиршгартен.
Нејасно е која е причината за оваа тешка сообраќајка.
