Купувачите повеќе не можат да плаќаат за автомобилите на Тесла со биткоини, истакна извршниот директор и основач на американскиот производител на електрични автомобили Тесла, Елон Маск.
Според него, компанијата е загрижена од зголемената употреба на фосилни горива во рударството и трансакциите со биткоин.
„Ние сме загрижени за зголемената употреба на фосилни горива за трансакции со биткоин и рударство. Особено сме загрижени за јагленот, со најлоши емисии од сите горива. Криптовалутата е добра идеја, но не смее да предизвикува големи еколошки проблеми“, напиша Маск.
Тесла започна да прифаќа плаќања за автомобили за биткоини во март.
Од компанијата претходно објавија дека потрошиле 1,5 милијарди долари за биткоин, а Маск додава дека компанијата нема да ги продаде нејзините биткоини и дека ќе ги користи повторно за трансакции штом „копањето“ на тие криптовалути ќе се претвори во поодржлив извор на енергија.
Инаку, Биткоинот е криптовалута што може да се „копа“ на исклучително моќни компјутери, а оние кои „копаат“ се натпреваруваат едни со други во решавање на комплексни математички загатки.
