Со првите симптоми на настинка, се бара и начин за тестирање за Ковид 19. Поради долгите процедури преку матичен лекар и лимитираниот борј на тестови, граѓаните се приморани да се тестираат во приватните клиники каде што цените се многу високи за разлика од тестирањата во државните лаборатории каде тестирањето е бесплатно. Но колку цените на самите тестови дозволуваат да се тестира секој граѓанин кој има желба за тоа? Тв 21 се јави во неколку клиники за да праша за нивната цена. Доколку сакате брзи резултати, ќе платите и поскапо.
Добар ден, ме интересира цената на тестирањето за коронавирус? И дали имате пакети?
-Од денес за денес чини 6 илјади денари, а од денес за утре 3.950 денари. Пакети немаме.
Добар ден, сакаме да се тестираме за корона вирус, колку ќе не чини тоа?
-3950 денари ви е тестирањето.
Дали имате пакет за повеќе личности?
-Не госпоѓо, немаме групен пакет.
Професор Никола Пановски смета дека тоа што се прави во приатните клиники е нехумано и лошо, бидејќи како што вели, вака се тестираат само оние кои имаат пари.
„Тоа што се прави во приватните лаборатории е безобразно, а и државата требаше нив да ги вклучи во системот и да работат по таа фондовска цена. Вака излегува дека тој што има пари ќе се тестира, тој што нема, нема да се тестира. Така епидемија не се води.“, рече Пановски.
Според Пановски, не се конролира болеста преку парите на граѓаните, бидејќи не секој има едакви можности.
„Значи при епидемија, ако сакаме да ја решиме, сите сме рамноправни бидејќи сите ја пренесуваат болеста и може да ја добијат. Вака ако гледате анализи ќе видите дека луѓе со поголеми примања повеќе се тестираат, немаат време да чекаат, за разлика од некои посиромашни кои немаат леб камоли да помислат за тестирање. Така што и сликата што ја добиваме по општини е нереална. Посиромашните помал процент се тестирани во секој случај. Дел од нив им проаѓа болеста, дел од нив умираат дома без да се дијагностицирани.“, изјави Пановски.
Пановски додава дека тестовите за корона вирусот требаше да имаат една пристојна цена не повеќе од 1500 денари која ќе може да ја плати секој.
