Крем тестенини со бело пилешко.
Состојки:
- 400 гр тестенини
- 100 гр сирење
- 1/2 кг пилешко бело месо
- 1 литар млеко
- 1/2 л супа од зеленчук
- 1 кромид
- Сол, бибер
- Магдонос
- Масло за готвење
Подготовка:
Загрејте малку масло во поголемо тенџере, па на него испржете го пилешкото на коцки.
Кога пилешкото ќе добие златно-кафеава боја, извадете го од тавата и испржете го кромидот во преостанатата маст.
Омекнатиот кромид истурете го во млекото и супата, па ставете ги тестенините во течноста.
Вратете го пилешкото во тенџерето
Кога течноста врие, варете сè заедно околу 10 минути, или додека не се сварат тестенините.
Повремено мешајте за состојките да не се лепат на дното.
Кон крајот на готвењето, додадете рендано сирење и измешајте сè добро. Додадете сол и бибер по вкус. На крај додадете го исечканиот магдонос.
Послужете со сезонска салата.
Пријатно јадење!