Петти пат по ред во Тетово се протестира против поскапувањето на струјата. Околу пет илјади граѓани го започнаа својот протестен марш од градскиот плоштад.
„Дојдовме овде за да го искажеме уште еднаш нашето незадоволство од компаниите што не крадат, не ограбуваат, но и против властите кои досега беа глуви и не презедоа чекори за решавање на проблемите. Симболично ги донесовме сите пари што можевме да ги собереме затоа што овие крадци не се задоволни, им донесовме две вреќи со пари, па веројатно ќе бидат задоволни еден ден“, рече Аријанит Џафери.
