Тетово: Петмина инфектолози се грижат за над 1.000 жители – болница со 55 легла за ковид-19 и 47 хоспитализирани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Во Клиничката болница во Тетово во моментов се хоспитализирани 47 пациенти со коронавирус, од кои речиси сите во тешка здравствена состојба. Според координаторот на ковид-центарот во болницата, Гзим Нуредини, болницата сега за сега има три простории за лица заразени со Ковид-19 и тоа во Одделот за инфективни болести и два ката во Одделот на интерната клиника.

„Се 4 пациенти, повеќето се во тешка состојба. Вчера имавме 2 пациенти кои ги пуштивме на домашно лекување, а еден е пренесен во Болницата за белодробни болести во Лешок“, посочи Гзим Нуредини.

реклама

Во болницата има само 5 инфектолози кои треба да се грижат за пациентите.

„Инфективното одделение има 5 инфектолози и во тоа одделение работат дерматолог, 5 специјализанти, 4 медицински сестри. И во другиот дел има специјализанти, но тие лекари освен што работат таму, доаѓаат и на први кат за преглед, кај сите 47, имаме инфектолози и доаѓаат да ги прегледаат. Значи се само пет, но кога има потреба ги повикуваме на консултација и интернистите“, посочува Нуредини.

реклама

Граѓани се пожалија во ТВ21 дека анализите за Ди-димери не ги прават во Тетовската болница и мораат да плаќаат по 2 илјади денари во приватните лаборатории, но Нуредини негира такво нешто и вели дека Клиничката болница во Тетово е опремена за сите анализи во врска со третманот на пациентите.

„Биохемиската лабораторија на болницата има реагенси за Ди-димери но и јас денеска видов дека им направиле на неколку пациенти, доколку на некои им рекле да чекаат или чекаат да дојдат од матичните лекари, ќе видиме, но итните случаи кои се хоспитализирани и никако не смеат да останат без вакви анализи, не само со Ди -димери, но сите се важни. Можеби поради цената има вакви реакции, бидејќи без анализи не можеме да го спроведеме ниту протоколот на работа“, додава Нуредини.

реклама

Според Нуредини сега за сега има околу 20 лица медицински персонал кој е заразен или во изолација.

Во Тетово и околните општини има над 1000 пациенти со Ковид-19 а починале 140 лица од Ковид. Доколку бројот на пациенти се зголемува во Тетово, во Клиничката болница во Тетово постои можност Одделот за педијатрија да стане Ковид центар.

реклама
реклама
реклама