Општина Тетово потпишала два договора за поставување кабини на автобуските станици. Едната од компанијата „Амазон“ во вредност од 24.390 евра и другата од компанијата „Еуровиа“ во вредност од 16.286 евра. За девет кабини општина Тетово ќе потроши 40.716 евра. Една кабина, граѓаните на Тетово ќе ги чини 4.524 евра.
Потпишани тендери од Општина Тетово
-Амазон 1.5 милиони денари – 24 290 евра
-Еуровиа 1 милион денари – 16 286 евра
-9 потстаници – 2.5 милиони денари – 40 716 евра
-1 потстаница – 277 илјади денари или 4 524 евра
Но, дали е реална оваа цена на кабините? Отидовме во селото Пршевци, општина Теарце, каде пред неколку дена е поставена една кабина на автобуска станица. Абедин Сабри од Месната заедница на селото, рече дека кабината чинела 1.000 евра.
-Оваа потстаница е уредена од надворешен донатор и чинеше 60 илјади денари. Метална е и од страните е со стакло, екстра е направена“.
Колку е периметарот?
„Периметарот е 3.5 метри со висина од 2 метра а ширина 1.5 метар.“
Инаку, следната недела се очекува да се избере и компанијата која ќе ја снабди општина Тетово со пет автобуси во вредност од 72 милиони денари.
