Тетово се подготвува за враќање во нормала – со такви мерки, угостителите не можат да опстанат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рестораните, кафулињата, местата за брза храна и слаткарниците ќе можат да се отворат, но само со ублажување на мерките, сметаат сопствениците на овие бизниси. Ако по 15-ти мај се отворат со ригорозни мерки, бизнисите нема да можат да опстанат бидејќи мерките што ги најавува Владата бараат и дополнителни инвестиции. Владата досега не ги ослободи од кирија ниту локалите кои се во државна сопственост, а досега пак, нема дадено ниту финансиска поддршка за овие бизниси, како што е подигање кредит и исплата на платите.

-Да се намали бројот на маси не е добро, бидејќи не знаеме колку ќе успееме. Но, ајде да се обидеме на кратко, но подолго време нема да можеме да работиме така. Досега ни беше ветувано, но нема ништо конкретно. Не ми се допаѓа она што го рекоа дека мора да бидеме изолирани, а од друга страна нема никаква помош. Ако мора да седиме дома, ќе треба да дадат и помош-вели Селим Саити.

-И за мерките кои се спомнуваат дека ќе бидат преземени, растојание од два метра и поставување стаклени паравани или нешто такво, тоа се дополнителни инвестиции за нас. Ние не можеме да ги пуштиме платите, а не пак да инвестираме, бидејќи нашите бизниси работат секој ден. Не можеме да работиме еден ден и да ги покриеме сите трошоци. Јас мислам дека треба да се преземат итни мерки и да се спроведат веднаш, бидејќи и работниците ќе треба да земат плата, а и ние да преживееме-вели Ментор Асани.

Граѓаните што ги анкетиравме велат дека кафулињата треба да се отворат, бидејќи како што велат, тоа би влијаело позитивно – за оние кои биле во изолација психички да се релаксираат.

-Владата треба да го разгледа ова прашање, полицискиот час да биде пократок, бидејќи луѓето се деморализирани.
-Треба да се отворат, бидејќи ова веќе не оди вака.
-Треба да се отворат бидејќи епидемијата веќе помина, речиси и нема заразени. Треба да се отворат и да продолжат со работа, бидејќи луѓето веќе лошо се чувствуваат дома.

Од Владата велат дека преземале економски мерки за бизнисите кои се погодени од Ковид-19, но досега ниту една мерка не е спроведена, а компаниите не почувствуваа никаков ефект од нив. Инаку, на 14-ти март беше ставен клуч на сите ресторани и кафулиња-вели