Тетово, цените на пазар до плафон – трговци велат дека и тие ги купуваат поскапо производите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цените на прехранбените производи секојдневно одат во нагорна линија, а тоа почна да се забележува и на пазарот во Тетово. Продавачите се жалат дека немаат друг избор, бидејќи веќе сѐ е поскапо. И одгледувачите велат дека цените на вештачките ѓубрива скокнале и дека веќе немаат есап за ништо.

„Цените се превисоки, има многу малку купувачи, зависиме од иселениците, ако има останато некој, многу малку. Не можеме да си ги покриеме ниту трошоците“.

-Поскапувањето продолжува секојдневно, останува истата заработка или не?

„Кај нас заработката е помала, бидејќи цените растат, а ние не можеме да ги менуваме цените“.

Купувачите велат дека поради високите цени принудени се да ги купуваат само основните намирници.

„Цените се катастрофа, а луѓето останаа без работа. Цените се зголемија, катастрофа, а повисоки цени од овие веќе нема. Поскапо е отколку во Америка и западните земји“.

-Дали мислите дека продавачите ги зголемија цените?

„Не, ги зголемија крадците што соработуваат со Владата“.  

„Цените се скапи за овие плати. Цените се астрономски, повисоки отколку во Германија“.

-Мислите ли дека продавачите ги зголемија или е поради производството?

„Не, зголемени се од производството, од фармите. Нема шанси да се справиме со овие цени“.

Килограм грав на пазар чини 300, пиперката за ајвар 50, а компирот 40 денари. Цената на домашниот путер се движи од 600 до 800 денари по килограм.