Тетовскиот огранок не е под контрола на Алтернатива!? – Беџети тврди дека има 42 потписи на членови на Собранието

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шефот на огранокот на Алтернатива во Тетово, Дритан Беџети, кој всушност беше разрешен од раководството на партијата пред неколку недели, за ТВ21 тврди дека има 42 потписи на членови на собранието на партијата кои го избрале. Вели дека списокот со потписите го доставил до партијата и очекува претседателство на Алтернатива да се извини за преземените дејствија.

„Ќе ги доставиме потписите бидејќи секој понеделник се одржува состанок на партијата, тие ќе ги разгледаат, потоа нека одржи состанок тесното раководство кое донесе одлука за да не разрешат бидејќи се уште не е донесен запис и раководството првично треба да побара јавно извинување на огранокот Тетово и на сите активисти бидејќи создаде збунка, како и условите кои ги постави, да го отстранат од функцијата Зекирија Ибрахими и Беким Сали и да седнеме и да ја зајакнеме нашата партија – Алтернатива“, вели Дритан Беџети.

Според Беџети доколку тоа не се случи, тој ќе продолжи со замрзнување на активностите и најавува дека и другите ограноци на Алтернатива ќе го поддржат.

„Да активностите ќе бидат замрзнати, жал ми е бидејќи и другите ограноци ќе продолжат да ги замрзнат активностите бидејќи јас имав договор со неколку претседатели на ограноците, неколку потпретседатели на ограноци, кои ми се јавиле и ми дале поддршка за оваа преземена иницијатива“, додаде Дритан Беџети.

Во врска со ова се обидовме да добиеме став и од потпретседателот, Беким Сали, во текот на прес конференцијата која  ја одржа за друга тема, но Сали рече дека за оваа прашање треба да се обратиме во партија.

„Би ве замолил да се упатите кај службите на партијата, денеска би сакал да останам само тематски, актуелна и кревка е темата и затоа сум јас тука“, вели Беким Сали.

Тв21 испрати прашања и до портпаролот на оваа партија, Орхан Муртезани, но не добивме одговор.